Силва го напушти кампот на Шпанија

од Vladimir Zorba
252 прегледи

Прес-службата на шпанскиот национален тим соопшти на Твитер дека халфот на Манчестер Сити, Давид Силва го напуштил кампот на тимот од лични причини.
 
Вчера 32-годишниот фудбалер учествуваше во контролниот меч со Германија (1:1). Не е јасно дали тој ќе се врати во кампот пред следниот натпревар на Шпанија со Аргентина на 27 март.
 
Потсетуваме дека во оваа сезона, Силва често пропушташе натпревари на клубско ниво од лични причини. Во јануари фудбалерот најави дека неговото дете е родено предвреме и се бори за својот живот.

Во средината на овој месец тој изјави дека неговиот син е многу подобро, но опасноста останува.

Слични содржини