219
И покрај шпекулациите за неговиот претстоен трансфер во Барселона, Бернардо Силва и оваа сезона ќе остане во Манчестер Сити. Ова го изјави извршниот директор на „граѓаните“ Феран Сориано во етерот на емисијата El Chiringuito.
„Секако дека можам да потврдам дека Бернардо Силва останува во клубот“, прокоментира Сориано.
Според „Мундо Депортиво“, португалскиот играч за врска сфатил дека му е многу тешко да се пресели на „Камп Ноу“ пред крајот на преодниот рок и е подготвен да почека до следното лето.
По ремито со Њукасл (3:3), Бернардо Силва изјави дека е среќен во тимот и дава се од себе за успех на „граѓаните“.
Актуелниот договор на Португалецот со Сити е до 2025 година. Се очекува многу брзо да добие предлог за негово продолжување.