Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва се надева на трансфер во Барселона на лето. Португалецот направи уште една силна сезона на „Етихад“ и одигра важна улога во освојувањето на титулата во Англија. Сепак, тој продолжува да се чувствува непријатно во Англија и размислува за трансфер. За него има интерес од Барса и фудбалерот се надева дека ќе стигне до вистинска понуда од Каталонците, тврди „Мундо Депортиво“.
Бернардо сакаше да го напушти Сити минатото лето. Но, тогаш клубот никогаш не доби адекватна понуда за него и тој реши да остане. Потоа имаше силна сезона, на своето конто запиша 35 натпревари, 8 гола и 4 асистенции и се веруваше дека веќе го надминал тешкиот момент. Сепак, се чини дека 27-годишниот играч се уште се надева на трансфер, а не е ни чудо што ќе стигне до таков ова лето.
Тренерот на Барселона, Чави Ернандез многу сака да го има Бернардо во својот тим. Во исто време, се вели дека Сити има интерес за Френки де Јонг. Така, постои опција двата клуба да разменат играчи.
„Граѓаните“ и да не се согласат на ваква зделка, Барса е подготвена да го продаде Де Јонг, а со парите од неговиот трансфер да упати понуда до Сити за Бернардо Силва.