Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Бернардо Силва, смета дека неговиот тим се уште е во подобра позиција од Ливерпул во борбата за титулата.
Вчера шампионите запишаа реми со Кристал Палас, што значи дека доколку Ливерпул утре успее да го победи Арсенал, тимот од Мерсисајд ќе заостанува само бод зад „граѓаните“.
Голема предност за „небесно сините“ е што во директната пресметка меѓу двајцата претенденти за титулата домаќин е Манчестер Сити. Овој натпревар треба да се одигра на 10 април.
„Не успеавме да постигнеме гол, но требаше да го направиме тоа. До крајот остануваат уште девет кола. Сепак, нашата позиција е подобра од онаа на Ливерпул, бидејќи тие гостуваат на нашиот стадион. Ќе биде возбудливо. Никогаш не е лесно да гостуваш на кој било тим во Премиер лигата. Сакавме да имаме шест бода предност пред Ливерпул“, изјави Силва.