Силва за Закаријаш: Изјавата е грешка, не можат политичарите да бидат експерти по лингвистика

од Nikola Popovski
400 прегледи

Португалскиот предлог содржи „македонски јазик“, а изјавата на државната секретарка, Ана Паула Закаријаш, во која таа користи „северномакедонски јазик“ е грешка, изјавил министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантош Силва за МИА.

Тој понатаму додал дека содржината на португалскиот предлог е прифатен од македонска страна и може да биде прифатен од бугарска страна.

-Не можете да очекувате од дипломати и политичари да бидат експерти по лингвистика, не ја поминуваме секоја секунда од секоја минута од секој час секој ден во употреба на соодветни прецизни термини од научна гледна точка, кога мојата заменичка се осврна на македонскиот јазик таа сакаше да каже македонски јазик, рекол Силва за спорната изјава на неговата колешка Закаријаш.

Претседателот Стево Пендаровски кажа дека изјавата на португалската секретарка за европски прашања ги поткопа сите напори на португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и неговиот предлог за надминување на спорот меѓу Бугарија и Македонија, но, вели тој, добра вест е што португалското претседателство со ЕУ заврши, а претседателството го презема Словенија.

„Во Европа ќе влеземе сако како Македонци и зборуваме на македонски“ вака вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, ја прокоментира контроверзната изјава.

Слични содржини