Силвана Бонева за патни трошоци од ДИК зела 12.000 евра

од Vladimir Zorba
295 прегледи

Силвана Бонева од Државната изборна комисија за шест месеци земала 12.000 евра за патни трошоци, објави телевизија „Алсат“. Бонева вели дека исплатата е според законот.

– Сè е исплатено согласно законот – вели Бонева.

silvana boneva

ДИК од декември до јуни на нејзините членови за патни трошоци им исплатила вкупно 25.000 евра.

По Бонева, најмногу пари земал Атанас Урумов кој е од Гевгелија и добил 6.800 евра. Бедредин Ибраими, кој доаѓа од Тетово, зел 3.000 евра, Субхи Јакупи од Гостивар – 2.000 евра. Реџеп Прекопуца добил 500 евра, Игор Милев – 370 евра, а Александар Чичаковски потрошил 150 евра. Виолета Дума и Сашо Срцев не зеле пари за патни трошоци.

Силвана Бонева беше на удар на јавноста и претходно, кога медиумите објавија дека како пратеничка за само една година, за патни трошоци зела 23.000 евра.

Слични содржини