СИЛВИО БЕРЛУСКОНИ ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО БОЛНИЦА: Има сериозни проблеми!

од Nikola Popovski

Како што изјави неговиот личен лекар Алберто Зангрило, Силвио Берлускони (84) бил примен во болница во Монако поради проблеми со срцето.

Италијанската агенција АНСА прва ја објави оваа вест, а лекарот Зангрило изјави дека го видел Берлускони во понеделникот и дека решил да го префрли во блиската болница, наведувајќи дека не смета дека е паметно да го донесе во Италија, оддалечена околу 15 километри.

Засега е нејасно дали неговите проблеми со срцето се надминати. Берлускони имаше голема операција на срцето во 2016 година, а преживеа и рак на простата.

Тој беше хоспитализиран минатиот септември поради позитивен тест на коронавирус. Откако се опорави од вирусот, тој пред новинарите изјави дека вирусот претставува еден од најопасните предизвици за неговиот живот.

Слични содржини