Симболиката зад златните обетки на Морган Фримен

од Љубиша Владимиров
50 прегледи

Актерот Морган Фримен (87) ја откри причината зошто секогаш ги носи своите препознатливи златни обетки, а приказната зад нив не е толку едноставна како што можеби мислите. Фримен носи златни обетки уште од 1987 година, кога се прослави со филмот Street Smart. Но, тие не се само моден детал. Во една од своите објави на „Инстаграм“, актерот објасни дека обетките служат како вид на осигурување, во случај на негова смрт, особено ако почине во странска земја.

„Тие вредат колку еден леш. Морнарите ги носеле поради истата причина, а јас ги носам токму затоа“, напиша тој.

Фримен исто така откри и од каде ја добил инспирацијата за овој обичај. Тој бил инспириран од филмот The Crimson Pirate од 1952 година, во кој Бурт Ланкастер глумел пират. Фримен признал дека овој филм имал големо значење за него, бидејќи преку него дознал дека морнарите носеле златни обетки за да обезбедат средства за својот погреб, доколку починат во странство.

Слични содржини