Морган Фримен ги загрижи обожавателите на Оскарите: Зошто носи ракавица?

од Stefanija Kuzmanovska

Во неделата се одржа 95-тото доделување на Оскарите, а еден од моментите кои привлекоа внимание е појавувањето на Морган Фримен на сцената. Тој на сцената излезе со Маргот Роби, која го држеше под рака.

Актерот пристигна во црн костум, а на левата рака носеше кожна ракавица. Причината поради која ја носи е малку трагична.

Имено, Фримен во 2008 година доживеал тешка сообраќајна несреќа во Мисисипи и бил тешко повреден при повеќекратно превртување на својот автомобил.

Покрај ветувањата на лекарите дека раката ќе му закрепне, таа останала парализирана. Поради оштетување на нервите, тој мора да носи ракавици за компресија за да го одржи протокот на крвта.

„Имам оштетување на нервите, не можам да ја движам раката. Ако не ја помрднете раката, таа ќе отече. Дали знаевте дека ја движите раката околу милион пати на ден?“, изјавил тој веднаш по несреќата.

Слични содржини