Арсенал игра многу добро на последните неколку натпревари, клубот од „Емирати“ врза три последователни првенствени победи и моментално е на петтото место во Премиер лигата со два бода, но и два натпревари, помалку во однос на четвртиот пласираниот Јунајтед.
Добри вести за сите фанови на „топчиите“ доаѓаат кога се во прашање потенцијалните засилувања за следната сезона. Веста која утрово одекна во островските медиуми е интересот на Арсенал за долгогодишниот фудбалер на Реал, Марко Асенсио.
Реал постави енормни 700 милиони евра како трансфер клаузула за крилниот напаѓач, но јасно е дека Мадрид би се задоволил со неспоредливо помала цифра, па се споменува сума од околу 50 милиони евра.
Договорот на 26-годишниот со „кралскиот“ клуб истекува во 2023 година, а нема индиции дека соработката ќе биде продолжена, па јасно е дека ќе сакаат да го продадат Асенсио на „Сантијаго Бернабеу“ и со тоа да заработат пари.
Марко Асенсио освои многу трофеи во Реал Мадрид од 2014 година со овој клуб, вклучително и две Лига на шампиони, но се чини дека дојде време за збогување.