ИНТЕРЕСНА ситуација се случи по натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Атлетико и Ливерпул (2:3).
Јирген Клоп, тренерот на победничкиот тим, планираше да се ракува со тренерот на ривалот Диего Симеоне, но Аргентинецот истрча во тунелот без да се поздрави со колегата од ривалската страна.
„Јирген Клоп поминува низ теренот со подадена рака, а Диего Симеоне бега! Трча во тунелот, го игнорира Клоп и Германецот мавта кон него. Но, нема тресење раце меѓу тренерите“, пишува Би -Би -Си за настанот по натпреварот во Мадрид.
Simeone left without shaking Klopp’s hand and Klopp was NOT happy.
They play at Anfield on November 3 🍿
(via @btsportfootball) pic.twitter.com/bICVC9AokQ
— B/R Football (@brfootball) October 19, 2021
Веднаш по натпреварот, новинарот го праша Клоп зошто е лут и дали потегот на Симеоне е причината.
„Бев лут?! Ајде … не сум идиот да ми создадете таква приказна. Да, сакав да се ракувам, а тој не, но јас го разбирам. Разбирам што му се случи. Тој е емотивна личност, а вие не сте добра личност кога сакате да направите скандал од таква ситуација. Рековте дека сум лут. Кога точно?! Не, јас сум лут за вашето прашање сега“, Одговори Клоп.
Klopp ain’t here for the reporter games pic.twitter.com/I531zv9H3V
— ٗ (@LosoLFC) October 19, 2021
Симеоне рече дека вообичаено не се ракува со тренерите по натпреварите, бидејќи тие често не се задоволни од резултатот.
„Ако го видов Клоп на само, немаше проблем да се поздравам“, рече Симеоне по мечот.