Симеоне избрал заменик на Суарез

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Атлетико Мадрид на лето ќе биде активен на трансфер пазарот бидејќи приоритет на клубот е да привлече нов напаѓач кој ќе го замени Луис Суарез. Уругваецот нема да добие предлог за нов договор и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во МЛС.

Според „Мундо Депортиво“, главниот тренер на „јорганџиите“ Диего Симеоне веќе се фокусирал на фудбалер со карактеристики на Суарез, кого сака да го види на „Ванда Метрополитано“. Се работи за Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот шпиц на Интер има 15 гола во Серија А оваа сезона, но се очекува да биде продаден при добра понуда.

Не е тајна дека Мартинез беше пред договор со Атлетико во 2017 година, кога стана најдобар стрелец на Копа Америка за играчи до 20 години. Неколку месеци подоцна, напаѓачот потпиша со Интер.

Лаутаро би го чинел Атлетико ни помалку ни повеќе туку 70 милиони евра.

Други опции пред шпанскиот гигант се Пауло Дибала, кој ќе го напушти Јувентус како слободен играч и ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нунес.

Слични содржини