Симеоне: Не можам да го замислам Атлетико без Гризман следната сезона

од Vlatko K
129 прегледи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, рече дека очекува напаѓачот Антоан Гризман да
остане во клубот и покрај шпекулациите за негово заминување.


Претходно беше објавено дека 28-годишниот Французин може кариерата да ја продолжи во
Барселона.

– Дали можам да ја замислам следната сезона без Гризман во Атлетико? Не. Тој има договор со
клубот и е еден од нашите предводници. Гризман даде се од себе откако се пресели во Атлетико.

Мислам дека утре ќе има одличен натпревар против Алавес. Тоа е сè што можам да ви кажам за
неговата ситуација.

Гризман е во Атлетико од 2014 година. Со мадридскиот клуб ја освои Лига Европа, Суперкупот на
Шпанија и Суперкупот на УЕФА.

Оваа сезона, францускиот репрезентативец за „јорганџиите“ одигра 39 натпревари, постигна 18
гола и оствари осум асистенции.