56
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го сподели своето мислење за Барселона пред полуфиналето на шпанскиот куп.
„Барса е најдобриот и најкреативниот тим во Ла Лига. Тие се брилијантни во нападот и нивниот настап оваа сезона зборува сам за себе“, изјави Симеоне, цитиран од Кадена Сер.
Во натпревар од Купот на Шпанија на 25 февруари ќе се сретнат Атлетико и Барселона.
Во Ла Лига, тимот на Симеоне е на второто место во поредокот со 49 бодови. Каталонците се на третото место со 48 бодови.