Симеоне: Реваншот во Германија ќе биде уште потежок

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, призна дека неговиот тим имал тешки моменти на крајот од натпреварот против Борусија (Дортмунд) во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Шпанскиот гигант славеше со 2:1 на својот „Метрополитано“, но во вториот дел сериозно ја загуби иницијативата и само стативите ги спречија гостите да израмнат.

„Игравме добро 60-70 минути. Беше сосема нормално противникот во одреден момент да се активира. Борусија нè притисна и можеше дури и да израмни“, изјави Симеоне.

„Откако во составот на гостите влегоа брзи крила, ни стана потешко. Не постигнавме трет гол кога Лино имаше шанса, а потоа Борусија намали. Вториот меч ќе биде уште потежок. Мораме да бидеме подготвени на се“, додаде Аргентинецот.

Атлетико оваа сезона победи на сите 5 домашни натпревари во Лигата на шампионите. Уште поимпресивно, под водство на Симеоне, тимот од Мадрид никогаш не загубил дома во нокаут фазата на турнирот. Од 17 натпревари билансот на „јорганџиите“ е 11 победи и 6 нерешени со гол разлика 20:5. На 12 од овие натпревари Атлетико не примил гол.

Слични содржини