Симеска-Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

од Vladimir Zorba
390 прегледи

На предлог на Комисија за именување Владата ја именуваше Анета Симеска-Димоска за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, орган во состав на Министерството за економија.

Анета Симеска Димоска е дипломиран инженер технолог и магистер по бизнис администрација со специјалност за комерцијална ревизија на финансиски извештаи во услови на примена на информациските технологии. Има 28 годишно работно искуство, од кои 19 години како државен пазарен инспектор, а од 2017 до 2020 година беше пратеник во Собранието.

Владата на Република Северна Македонија ќе му предложи на Собранието на Република Северна Македонија за заменик на директорот на Агенцијата за администрација да го именува Агрон Сефери, а на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, му препорача за вршител на должност заменик на директорот, да биде реизбран Самка Ибраимоски.

Слични содржини