Симеска-Димоска: Цената на зејтинот е во рамките на очекуваното

од Nikola Popovski
242 прегледи

На денешната прес-конференција, директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска. истакна дека инспекторите од понеделникот заклучно со вчера извршиле 200 надзори кај трговците, каде ги контролирале цените на производи и залихи, како и почитување на законските прописи и владини одлуки.

-При тоа кај 41 субјект утврдени се прекршоци по основ на Закон за трговија и Закон за потрошувачи заради непочитување на одлуката за посебни услови за трговијата, кај 19 субјекти се констатирани прекршоци и веќе се издадени платни налози. Од нив 10 се големи трговци и платните налози им се по 7.000 евра во денарска противвредност и 350 евра во денарска противвредност за одговорното лице. Кај три субјекти се изречени платни налози по 3.000 евра за правното лице и 200 евра за одговорното лице, а кај 18 трговци издадени се прекршочни платни налози за непочитување на Законот за трговија заради немање евиденција во трговскиот објект што е основ за да се види дали се почитува или не одлуката за ограничени маржи што ја донесе Владата, рече Симеска-Димоска.

Според неа, нема потреба од паника дека има недостаток на производи или дека ќе има недостаток.

-Цената на маслото е во рамките на очекуваното со минимални зголемени трошоци во однос на тоа како се продаваше маслото во изминатиот период и е околу стотина денари, а согласно одлуката во маркетите би се продавало до 104 денари. Ќе се контролира и како производителите ги калкулираат трошоците и дали се тие согласно одлуката, додаде директорката на ДПИ.

Слични содржини