Симевски: Повикувањето на бојкот на пописот е непатриотски чин

од Берта Китинска
264 прегледи

Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симевски во емисија „Само Вистина“ изјави дека повикувањето на бојкот на пописот е непатриотски чин.

-Дали треба кривично да бидат гонети лицата кои ќе го  бојкотираат пописот и дали има правна основа тоа ќе го толкуваат правниците, но јас лично ќе кажам дека сум за многу повеќе од кривична одговорност за секој оној кој ќе повика на бојкот. Бидејќи тоа е непатриотски чин  и класично несакање на својата држава и своите граѓани неучествувањето во пописот исклучува ќе доведе до штетни последици, вели Симевски.

Тој уште еднаш упати апел до населението да се попише.

Слични содржини