Симевски: Преку пописот ќе дознаеме какви профили на луѓе заминале од земјава

од Берта Китинска
344 прегледи

Во однос на попишувањето на лицата кои се заминати од државата, Апостол Симевски, директор на Заводот за статистика во емисијата Вин Вин на Телма  вели дека тие ќе бидат попишани во посебни категории.

-Оваа категорија е направена со цел овие лица  кои се отсутни до една година да се поишат, втората причина е тоа што поради овој податок луѓето предходно се попишуваа плашајќи се ако не запишат нема да добијат државјанство или имотно право  во државата па така свесно даваа погрешни изјави и кажуваа дека тие се внатре во државата и оваа бројка ја оптоваруваа дополнително, вели Симевски.

Во однос на резиденти, нерезиденти и вкупно население тој објасни дека оваа терминологија сега се употребува во законот и дека лицата кои се подолго отсутни нема да влезе во вкупниот број на  населени, туку тие ќе бидат запишани со цел да се одреди нивните карактеристики, образование со цел кога ќе се креира политиката да се знае дали од државата имаме одлив на мозоци и какви профили на луѓе заминале од земјава.