Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Денешниот бизнис форум е одлична можност за мапирање на бизнисите и инвестициски можности и давање поддршка во реализација на заеднички проекти и активности кои ќе придонесат за уште поголема економска перспектива за двете земји, истакна потпретседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија и претседател на ИКТ Комора проф. д-р Орце Симов на Македонско-бугарскиот бизнис форум кој во организација на министерствата за надворешни работи на РС Македонија и на Бугарија се одржа во Скопје.

„Како резултат на одличните односи меѓу бизнис заедниците од двете земји имаме постојан раст на трговската размена. Последната година вкупната трговска размена е над 700 милиони евра од кои 351 милион се извоз од Македонија и 363 милиони увоз. Исполнети се многу предуслови за развој и зголемена меѓусебна економска соработка. Најголемиот успех е да се пребродат тешките периоди од животот, бидејќи секој од нас знае како да живее во лесните периоди од животот. Од моја перцепција, бизнис форумите претставуваат еден од механизмите за да се пребродат тешките периоди, бидејќи на овие форуми се воспоставуваат нови релации, контакти, се разменуваат и поттикнуваат нови идеи“, истакна проф. д-р Симов.

Срж на билатералната соработка во наредниот период треба да биде стопанската соработка каде посебен простор за раст има во ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот.

„Туризмот и туристичката дипломатија е потребно да изградат мостови на соработка меѓу двете земји што ќе резултира со раст на бројот на туристи. Перцепцијата за Балканот и целиот регион во туризмот е дека е последната неоткриена дестинација во Европа, а наша обврска е на вистински начин да ја презентираме, со поголемо искористување и зголемување на соработката преку меѓу граничните проекти со Република Бугарија, фокусирани на развој на руралниот и еко-туризмот. Не смееме да ги занемариме можностите за развој на ено-гастро концептот и создавање на заеднички туристички продукти преку вински патишта, културни и историски рути без нивно политизирање бидејќи туризмот не познава граници , туку само дестинации“, истакна проф. д-р Симов.

Во областа на земјоделието исто така постојат големи можности за развој, соработка и заеднички инвестиции.

„Агро-бизнисот во Македонија е еден од набрзо растечките индустрии со над 10 % раст во последните години. Одличниот квалитет на земјоделските производи кој е и едно од главните барања на европските пазари дава можност за иден раст и развој. Има потенцијал за инвестиции, реализација на заеднички проекти и заедничко настапување на нови пазари како и зголемување на производство на органска храна во двете земји. Економската криза и недостатокот на одредени продукти јасно покажуваат потреба од добро стратегиско планирање и производство на храна кое ќе овозможи поголема независност на двете земји во оваа сфера’, рече потпретседателот на Сојузот.

Тој потенцираше и дека со стопанственици од Бугарија можеме да се разменуваат искуства во оваа областа на дигитализацијата и заеднички да се работ на имплементација на дигиталната трансформација. Дигитализацијата во сите сфери во сите сфери вклучително и во туризмот и земјоделството ќе овозможи голем напредок и многу поголема конкурентност на европскиот и светскиот пазар.

Слични содржини