Симовски: Бугарите имаа слободна можност да се изјаснат на пописот како што сакаат

од Nikola Popovski
219 прегледи

Не треба да го врзуваме прашањето за државјанството со етничката припадност. Во државата има граѓани со австралиско и американски пасоши, па не се Американци или Австралијци. Како ќе се изјаснат е нивно лично право. Како за останатите, така и за лицата кои се чувствуваат како Бугари имаа слободна можност да се изјаснат како што сакааат, изјави првиот човек на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, како одговор на прашањето за забелешките на помалите етнички заедници во однос на резултатите од пописот.

-Нашата обврска беше да дадеме реална слика, иако некој посакувал поинакви состојби во државата или мислел има поинакви состојби, додаде Симовски.

Тој информира дека не го интересираат било какви изјави околу бројката на Бугари во земјава.

-Имаше изјави дека се многу помалку и изјави дека се многу повеќе. Воопшто не ме интересираат такви изјави. Ние гледаме да си ја завршиме нашата работа и си ја гледаме нашата професија, рече Симовски во емисијата „Трилинг“.

Слични содржини