Симовски: ДЗС не може да каже дали ќе се одложи пописот

од Nikola Popovski
311 прегледи

Ние не сме институција која може да каже дали ќе се одложи пописот или нема. Ние имаме донесен закон и единствена институција која може да каже за нешто вакво е парламентот, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, за емисијата „Жешко политичко лето“.

Според него, тие како институција и во периодот на март, кога беа подготовките за пописот, кажуваа дека се максимални подготвени за него.

-Ќе ги примените сите потребни мерки, за никој од населението да не биде во опасност да заболи од вирусот. Можеме да го спроведем пописот и ќе примениме се што е предложено од Комисијата за заразни болести. Кога ќе го направиме конечниот список на попишувачи, ќе додадеме податок колку од нив се вакцинирани, а колку од тие што не се вакцинирани, би примиле вакцина, информира Симовски.

Слични содржини