Симовски: Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме протоколите

од Берта Китинска
214 прегледи

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, посочи дека  заводот е подготвен за почетокот на големата статистичка операција.

-Гарантираме дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваме протоколите и дека нема да го загрозиме здравјето на ниту еден граѓанин, подвлече Симовски.

Тој напомена дека заклучно со денешниот ден во кој завршува огласот очекува попишувачи да има секаде, објаснувајќи дека сите ќе требаат да ги почитуваат протоколите без разлика дали се вакцинирани.

– Дали некој е вакциниран или не е небитно, битно е дека ќе ги почитуваме протоколите до максимум и ќе сносиме одговорност доколку тоа не се почитува, кажа Симовски.

Слични содржини