Симовски го оспорува Балансерот на МИОА

од Берта Китинска
283 прегледи

Новиот балансер што го подготви Министерството за информатичко општество почна да се применува минатата недела.

Во балансерот се запишани повисоки проценти за застапеност на Албанците, Турците и Бошњаците, отколку што покажува пописот, додека помал е процентот за Македонци, Роми и Срби.

Кога ќе се соберат бројките од резидентното население во Македонија и самопопишаните македонски државјани во странство, 54,21 отсто се Македонци, 29,52 отсто се Албанци, 3,98 отсто се Турци, 2,34 отсто се Роми, 1,18 отсто се Срби, 0,87 отсто се Бошњаци и 0,44 отсто се Власи.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на прашање од МИА дали МИОА ги контактирале во врска со податоците од Пописот, Симовски рече дека биле контактирани минатата недела и дека тие им дале одговор.

Единствена валидна категорија е резидентно население и тоа е согласно сите стандарди на ОН кои важат за сите земји во светот и ги прифати и Евростат. МИОА не контактираа телефонски минатата недела и ние им кажавме дека единствена категорија што треба да ја гледаат е резидентно население, појасни Симовски.

За тоа дали биле прашани како да се користат податоците за граѓаните кои беа попишани преку регистрите, Симовски рече дека и за тоа им дале јасен одговор.

– Прашаа и добија одговор. Не може да ги распоредите. Не знаеме и тука нема нагаѓање. Тие седум проценти се неизјаснети и ќе си останат во групата на останати, нагласи Симовски.

Симовски, исто така, појасни дека граѓаните и по Устав имаат право да не одговорат за етничката припадност.

– И на крајот Вие по Устав имате право да не се изјасните. Никој со сила не може да Ве натера да се изјасните. Ние ги импутиравме податоците за кои има во регистрите документирана информација, ама никако не смееме да помислиме, а камоли да направиме импутирање на податоци за чувство. Тоа си е лично и е апсолутно забрането, изјави Симовски.

Од Министерството за информатичко општество и администрација информираат дека како надлежно за Методологијата за планирање на вработувањата во јавниот сектор согласно принципот на правична и соодветна застапеност донесена од 2016 година, нема направено никакви измени во истиот документ.

-Напротив, ги усогласи податоците со податоците од Пописот на населението спроведен во 2021 година од Државниот завод за статистика. Податоците за кои станува збор се јавни и се добиени на службен начин. При ова усогласување на податоците, за основа се земени предвид, податоците добиени од вкупниот број на попишани лица“, стои во одговорот од МИОА дали алатката „Балансер“ ги користи податоците само од резидентото население или ги зема предвид резидентно и неризидентно.
МИОА на 5 август објави дека е направена промена во веб алатката „Балансер” согласно резултатите од спроведениот Попис во 2021 година.

Слични содржини