361
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска информираше дека пријавување нови попишувачи оди добро и доста интензивно.
-За овој краток период имаме преку 1250 пријавени нови кандидати, а на новото тестирање, кое што ќе биде 26-ти или 27-ми август, ќе имаат право да учествуваат и тие кои што биле пријавени на претходниот конкурс, а не дошле на тестирањето од било кои причини. Очекувам дека ќе имаме доволен број на кандидати, бидејќи и медиумите во поголем интерес и интензитет објавуваат, а со самото тоа, пристигнуваат и повеќе информации за луѓето, рече Симовски во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.