Симовски: Ќе имаме доволен број на попишувачи, за овој краток период се пријавија 1250 нови кандидати

од Nikola Popovski

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска информираше дека пријавување нови попишувачи оди добро и доста интензивно.

-За овој краток период имаме преку 1250 пријавени нови кандидати, а на новото тестирање, кое што ќе биде 26-ти или 27-ми август, ќе имаат право да учествуваат и тие кои што биле пријавени на претходниот конкурс, а не дошле на тестирањето од било кои причини. Очекувам дека ќе имаме доволен број на кандидати, бидејќи и медиумите во поголем интерес и интензитет објавуваат, а со самото тоа, пристигнуваат и повеќе информации за луѓето, рече Симовски во гостувањето на емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини