Симовски: Луѓето се изјаснуваа како Југословени и Џедаи по нивен избор

од Nikola Popovski
320 прегледи

Корегиравме техничка грешка. Не сме забележале пермутација во текстот на полето за Атеистите и Евангелистите. Во саботата вечерва го корегиравме. Направивме дополнително соопштение и ја исправивме грешката. Грешката е во табелата на називот на полето, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за корекциите во пописните резултати околу религиската припадност.

Според него, човечки е да се погреши, меѓутоа и човечки е да признаеме и да се извиниме.

-Апсолутно ни е жал за таа грешка. Не посакувавме да се случи. Преголема хистерија се направи за тоа. Самите ја увидовме и не гледам зошто толкава бука околу тоа. Секаде се случуваат за грешки. Техничка грешка е. Недовербата се гради 10 години наназад, намерно и свесно. Многу луѓе овде не сакаат да имаме попис и одат во таа насока, додаде Симовски.

Симовски наведе дека никој не се мешал во одговорите на граѓаните околу религиската и етничката припадност.

-Имате случаи кај етничката припадност преку духовити одговори. Имаме Југословени, а не постојат. Како што сакал испитаникот, така е напишано. Луѓе се изјаснија како Џедаи, а џедаи нели не постојат. Попишувачите имаа опструкции да не се мешаат во одговорите. Најстрого беше забрането да се интервенира и да се сугерира во одговорите, информира Симовски.

Слични содржини