Симовски: Надмината е бројката од 600.000 попишани, само денес се над 100.000

од Nikola Popovski
257 прегледи

Повеќе од 600.000 граѓани се попишани заклучно со денешниот ден. Задоволен сум, но не ме прави комфорен и нема да бидам комфорен и нема да бидам се до последниот ден од пописот, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Според него, само денеска се попишани се над 100.000 граѓани.

-Со ова темпо пописот ќе се забрза и очекувам на време да ги завршиме сите работи. Имаме забрзување на процесот, од другата недела очекувам малку да се забави, но не во голема мера за да има пречки, додава Симовски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Слични содржини