Симовски: Не сме толку необразовани колку што неинформирано се користат податоците

од Берта Китинска
260 прегледи

ДЗС вчера излезе со податоци поврзани со степенот на образованието. Станува збор за група на популација од 15 години па нагоре, што значи дека се вклучени и млади кои сѐ уште се во процен на гимназиско или средно школување, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика, за Утрински брифинг, кој додава дека не треба да се смета дека општиот степен на образование е низок туку станува збор за лошо толкување на податоците.

-Најголем број од високо образованите сакаат да заминат во странство. А станува збор за млади луѓе оти кој би барал некој на поодмината возраст?, вели Симовски.

Тој додава дека нема поголеми разлики меѓу двата пописа по структурата на образование на населението.

Голем број од популацијата има завршено само основно образование, но треба да се има предвид дека според движењето на населението, во земјата се останати повозрасни луѓе кои се школувале во време кога средното образование не било задолжително како што е сега, вели Симовски и додава дека ние имаме проблем со недостиг на млада популација.

Слични содржини