Симовски: Ова е единствената држава каде може да се изјасните како Македонци

од Берта Китинска
214 прегледи

„Сега овој момент се обраќам за првпат вака ќе настапам директно до Македонците во нашата држава. Почитувани ова е држава каде можете слободно да се изјасните како Македонци. Пописот е единствената операција која го прибира овој податок, не ја пропуштајте таа можност. Почитувани останати граѓани на државата припадници на делови од повеќе народи кои живеат во оваа земја Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите останати. Имате можност слободно и без притисок да се изјасните онака како мислите дека треба да се изјасните. Искоритете ја оваа можност“, рече денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.

Тој апелира сите граѓани да ги заборават, како што рече, сите повици за бојкот, сите притисоци врз нив и влевањето страв дека со пописот некој дополнително ќе биде заболен од оваа  болест.

„Ќе ги почитуваме донесените протоколи до точка и запирка. Никој од учесниците во пописот нема со ништо да придонесе епидемијата да се рашири. Знаеме дека се тешки состојбите и психолошки делува ова врз сите нас, и ние сме луѓе и го носиме со себе. Ве уверувам сите дека во тој дел треба да бидете безбедни. Еве се подобруваат и временските услови, секаде каке може попишувањето ќе се одвива на отворен простор, а онаму каде нема можност, ќе ги запазиме сите потребни мерки согласно протоклите, но и повеќе од тоа“, рече директорот на ДЗС.

Според него, на оние кои повикуваат на бојкот,  го користат овој чувствителен момент кај граѓаните и пропагираат за неучество заради пандемија, не им е целта заштита на населението. Целта им е, нагласи Симовски, да нема попис во оваа држава и таа да тоне во кал што е можно подлабоко, а не да оди напред.

 

Слични содржини