672
Прегратката со заменик-директорот Селами беше емотивна затоа што така се чувствувавме. Се вложивме во процесот целосно, за да биде успешен и тоа го покажавме на дело, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски, во емисијата „360 степени“.
Според него, тој е дел од институцијата 30 години и досега не постои попис кој не е негиран од некого.
-Пописот е на ист ранг на успешност како и членството во НАТО, затоа што статистиката е една од поглавјата кои што се врзани со процесот на пристапување кон ЕУ. Клучен фактор за напредок на ова поглавје е спроведување на попис. Премиерот не претерува кога ги изедначува овие два процеси, додаде Симовски.