Тие 132.000 лица што се споменуваат се неопфатени со теренското спроведување на пописот. Никој не посакуваше да биде толкав број. Во случајов методот што го користевме поентата беше да не изоставиме никого и тоа го направивме. Причините за тие лица се неколку. Прво спроведувавме попис во месец кога луѓето беа на одмор после пропуштено лето поради ковидот. Втора работа кога се активностите во земјоделство и луѓето беа по нивите и доаѓаа доцна дома. Требаше да го продолжиме пописот и до 9 часот навечер, но не можете да натерате некој да се попише тогаш. Трета работа имавме и сокриен бојкот, како и ковид-кризата, вели директорот на ДЗС, Апостол Симовски околу лицата што не беа опфатени со теренскиот дел од статистичката операција.
Според него, за овие лица се преземени податоци од регистрите и тие се дел од пописот, односно не се непопишани.
-Јас уште од старт говорев граѓаните да не подлегнуваат на лажните податоци. За жал повеќе ги слушале тие кои притискаа за бојкот, мислејќи дека нема тоа да се случи, рече Симовски во емисијата „Утрински брифинг“.
Симовски информира дека попишувачите се враќале по неколку пати во домовите за да ги најдат граѓаните кои што во моментот не биле присутни.
-Немаше станови во кои живеат по 30 луѓе. Се проверуваше, се оставаше информација дека бил попишувачот и се оставаше порака за контакт за понатаму. Ние не можевме да упаднеме во становите со сила, потенцира директорот на ДЗС.