Симовски за дијаспората: Земјите кои имаат проблем со миграцијата можат да ги евидентираат граѓаните кои не живеат во нив

од Nikola Popovski
270 прегледи

„Согласно препораките на ОН, кои се прифатени и од Евростат, задолжително е да се опфатат резидентното население со пописот. Меѓутоа стои и глава 8, во која стои дека земјите кои имаат проблем со миграцијата, можат да ги евидентираат и своите граѓани, кои се надвор од државата, со тоа што не можат да се вбројуваат во категоријата, вкупно резидентно население“, изјави директорот на ДСЗИ, Апостол Симовски за емисијата „Топ тема“.

Тој најави дека во среда, ќе се спроведе попишувањето на бездомниците и на припадниците на армијата.

„Се води сметка и за пандемијата и затоа ќе се донесат строги протоколи кои се ригорозни и комисијата веќе расправаше и утре треба да ги усвои Владата“, рече Симовски.

Слични содржини