301
„Целиот ден сум на терен и се уште немам точно информации или приближно колку луѓе од странство се попишале денес. Утре ќе имаме точни и официјални податоци и ќе објавиме. Во моментов не сакам да шпекулирам“, изјави директорот на ДСЗИ, Апостол Симовски за емисијата „24 анализа“.
Според него, Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол комплетно ги демантира изјавите на ВМРО-ДПМНЕ околу тоа дека и Законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.
„Тоа е главниот аргумент и не би сакал повеќе да навлегувам, не сум политичар. Она што е наше е да не бидеме само легалисти, туку и професионалци“, вели Симовски.