245
Моите информации говорта дека во моментов се прави апдејт и рестартирање на целокупниот процес за да се отстранат сите багови, кажа директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.
Според него, вакви проблеми се очекувани кога се работи за технологија и тоа таква што прв пат се употребува кај нас.
Симовски смета дека нема да има потреба од продолжување на рокот за одржување на пописот.
Тој спомена дека околу 150 илјади граѓани се попишани и досега никој не е казнет поради одбивање за да се попише .