Црниот дроб е клучен орган за ослободување на телото од токсични материи. Според клиниката Мајо, болестите на црниот дроб можат да бидат наследни, но и предизвикани од различни фактори кои го оштетуваат црниот дроб, како што се вируси, консумирање алкохол или дебелина.
Со текот на времето, состојбите што го оштетуваат црниот дроб и не се лекуваат може да доведат до откажување на црниот дроб, состојба опасна по живот.
Токму затоа, предупредуваат лекарите, потребно е навреме да ги препознаеме симптомите кои укажуваат на болен црн дроб, а некои од нив се појавуваат и на нашата кожа, пишува „Индекс“.
Тоа се: жолтица, чешање на кожата, осип, склоност кон модринки, деформација на ноктите, црвени точки од кои крвните садови се шират како пајакова мрежа.
Секој од овие симптоми укажува на тоа дека е неопходно да се побара помош бидејќи, иако не мора, овие појави често укажуваат на заболувања на црниот дроб.
На пример, жолтицата често може да биде знак за хепатитис или цироза, чешањето на кожата често укажува на холестаза, додека деформацијата на ноктите обично укажува на хронично заболување на црниот дроб.