Симптоми поради кои треба да престанете да пиете кафе

од Radmila Tasevska

Кафето е популарен пијалак познат по тоа што помага да се фокусираме и да го зголемиме нивото на енергија. Но, внимавајте на внесот на кофеин ако ги забележите овие симптоми.

Истражувањата, исто така, покажаа дека кафето може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, да помогне во здравјето на срцето и мозокот и да промовира губење на тежината и да го продолжи животот.

Но, доколку страдате од овие три симптоми, можеби е време да престанете да го пиете овој популарен пијалак секој ден, пишува Експрес, цитира Стандард лајф.

Д-р Сој, доктор кој работи во итната медицинска помош, рече дека треба да пиете помалку кафе ако не можете да заспиете, страдате од анксиозност и срцева аритмија.

Обраќајќи им се на своите следбеници на TikTok, д-р Сој дополнително советуваше:

„Ве молиме намалете ја количината на кафе што го пиете. Идеално би било доколку целосно престанете да го консумирате“.

Тој исто така наведува дека иако има некои здравствени придобивки од пиењето кафе, спиењето треба да биде приоритет.

„Кафето останува во вашиот систем многу подолго отколку што мислите“, додава докторот.

Ова значи дека вашата утринска шолја кафе најверојатно сè уште ќе биде во вашето тело кога ќе се обидете да легнете таа вечер, а тоа значително ќе го намали квалитетот на вашиот сон.

Кога станува збор за крвниот притисок, лекарите велат дека пиењето повеќе од четири шолји кафе дневно може да го зголеми крвниот притисок.

За здравјето на срцето, диететичарот од Британската фондација за срце, Викторија Тејлор, вели дека умереното количество чај или кафе (четири или пет шолји дневно) не треба да биде штетно за повеќето луѓе.

„Истражувањата покажуваат дека ова ниво на внес на кофеин не треба да биде штетно за здравјето на срцето, нивото на холестерол или срцевиот ритам“, додава таа.

Иако се покажа дека пиењето кафе го зголемува крвниот притисок, овој ефект обично е привремен и се намалува со текот на времето ако редовно пиете пијалаци кои содржат кофеин. Некои луѓе се почувствителни на кофеин и може да доживеат палпитации. Ако тоа сте вие, тогаш има смисла да почнете да избегнувате кофеин, пренесува N1 Загреб.

Запомнете дека кофеинот се наоѓа во многу намирници, вклучувајќи: чај, зелен чај, кафе, енергетски пијалаци и чоколадо.

Слични содржини