Преку 60 земји во светот се соочуваат со се поизвесен банкрот.Поради војната и проблемите со синџирот на набавка, светот ќе се соочи со најголемата светска криза за храна во модерната историја што верувам ќе биде барем во наредните 2 години.Што се однесува до крипто маркетот, големиот раст на долг рок е неминовен.Верувам дека до крајот на оваа година можно е да видиме големо отскокнување во позитивна насока, вели во разговор за „Локално“, Дарко Симуновски, Крипто експерт, портфолио стратег и уредник на tokenpaddock.com.
Биткоин е веќе докажан и несомнено ќе стане национална валута, смета Симуновски додавајќи дека во многу држави Биткоинот ќе се чува како дел од национални резерви.
-Преку 70% децентрализирани апликации во крипто светот се изградени на Етериум, околу 60% капитал од целиот крипто пазар е токму во овие две мрежи. Така да е сосема природно тие да го диктираат пазарот, подвлекува тој.
Во САД се подготвува нацрт-закон за регулација на криптовалутите, предложен на 7 јуни од двајца американски сенатори. Што ќе значи регулацијата на крипто-средствата во најголемата светска економија генерално за крипто-пазарот?
-Двата сенатори ја објавија својата легислатива за регулирање на криптовалутите и повикаа за нови правила за заштита на инвеститорите по „крашот“ на стабилкоинот USTerra и неговиот сестрински токен Луна, што предизвика шок низ крипто пазарот.
Предложениот закон има за цел да создаде јасност за регулаторите и за да ги заштити инвеститорите.Со законот се наложува за издавачи на стејблкоин во крипто пазар, да имаат 100% резерва за пуштените токени во пазарот и детален приказ како гаранција.
Според предлогот, крипто берзите ќе треба да ги откријат ризиците од загуби, додека на потрошувачите им се гарантира правото да ги чуваат и контролираат дигиталните средства што ги поседуваат. Исто така во предлогот има сет на дефиниции за дигитални средства, виртуелна валута, стабилни валути за плаќање. Нацрт-законот, исто така, се обидува да дефинира кој и за што треба да има јурисдикција над крипто пазарот, помеѓу Комисијата за хартии од вредност (SEC) и Комисијата за тргување со фјучерси на стоки (CFTC).Сметам дека ова е позитивна регулатива, но проблемот е што сепак Регулативите доаѓаат од институциите што се создадени со намена за веќе постоечки финансиски средства како Комодитети акции обврзници и фјучерси, тие немаат никаква поврзаност со криптовалутите. Нивната администрација нема потребно знаење за крипто светот. Пред се мора да се разбере дека криптото претставува децентрализиран извор на информации и размена на вредност.
Во меѓувреме и од ЕУ најавија план за нивна регулација. За очекување ли е целосна промена на начинот на кој функционира пазарот по стапување на сила на законите, со оглед дека децентрализацијата е главната идеја поради која луѓето ги прафаќаат со толку брзо темпо?
-Европскиот парламент гласаше за контроверзна одредба со која би се забраниле криптовалути засновани на мајнинг протокол доказ на работа, како што е Биткоин. Добро е што ваквиот предлог не помина.А, пак на 31 март ЕУ гласаше за својот предлог за нов режим за надзор над крипто пазарот, што е очигледно против иновациите и заштитата на приватноста.Контроверзни мерки за забрана на анонимните крипто трансакции, потег што ќе ги задуши иновациите и ќе ја наруши приватноста. Имено, Предлозите се наменети да ги прошират барањата за спречување на перење пари (AML) кои се однесуваат на конвенционалните плаќања над 1.000 евра во крипто секторот, така што плаќачите и примателите на дури и најмалите крипто трансакции ќе треба да се идентификуваат, вклучително и за трансакции со независни паричници.Повторно се соочуваме со недоволно познавање на крипто индустрија, затоа што тие се обидуваат да регулираат новчаник на јавен и отворен Блокчејн како да е платежен провајдер а практично тоа е невозможно.
Сепак загрижува фактот што со овој потег се кини правото на приватност, како што се пишани во амандмани на човекови права и дополнителни си ставаат непотребен товар затоа што неможат да контролираат децентрализирана мрежа и децентрализирани апликации.Целта на вакви Регулативи ширум светот е да се отвори пат за новите дигитални валути наречени Дигитални Валути на Централна Банка (CBDC Central Bank Digital Currency).Веќе 90% од централните банки во светот работат на издавање токени кои ќе ја мимицираат вредноста на одредена валута. Ова е многу загрижувачки затоа што се донесе ваква промена без референдум или јавна дискусија со крипто експерти.Со ваквата појава СВИФТ нема да биде како што го знаеме туку ќе ја смени својата улога во централна платформа за размена на ЦБДЦ меѓу централни банки, а комерцијалните банки и кешот ќе бидат минато за околу 5 години.
Во ваква ситуација веќе светската централна економија ќе стане максимално централистичка затоа што сите ќе имаме сметка директно во централата банка и сите трансакции ќе бидат детално следени и згора на тоа ќе бидат програмирани за да можат да ви дозволат каде, како и на што смеете да трошите.Новито дигитално евро ќе има 3 класи на пари и тоа : пари за големопродажба, малопродажба и хибрид.Тие за големопродажба ќе ги користат владите и централните банки, тие за малопродажба за нас обичните граѓани и претпријатија и хибрид верзијата за големите корпорации. Патем тие рестрикции на употреба што ги спомнав ќе важат само за сите нас освен за глобални корпорации, елитите и банките.Со имплементација на ова демократијата за обичните луѓе ќе постане само мисловна именка, а веќе имаме ваков систем кој функционира во Кина од 2019 година.
Terra (LUNA) беше последниот пример во кој крипто-средство (стабилна монета) може за краток период да падне на 0 и со тоа ја потврди уште еднаш нестабилноста и волатилноста на пазарот. Иако токенот закрепна малку со цена, може ли вакви случаи да доведат до опаѓање на вербата во пазарот генерално? Многумина ги изгубија „последните пари“ со инвестиции во криптовалутите…
-Како што многу пати спомнав, едукација е потребна за да се разбере крипто пазарот.
Месец пред да падне Луна и УСТ јас споделив предлог на социјалните мрежи за тие што чуваа од тој коин да го продадат, а УСТ никогаш не го сметав за инвестиција.
УСТ стабилна монета на Тера Блокчејн беше алгоритмички Стабилен коин, чија цена се одржаваше со сестрински коин Луна. Во таквиот механизам немаше реална поткрепа, туку се гореа Луна коини за да се одржи цената на УСТ. Токму поради овој погрешен начин, кога Луна се распродаде крашира и нивниот алгоритамски стејблкоин.Следен таков стејблкоин кој веројатно ќе пропадне (прашање на време) е USDD УСДД на ТРОН, поради истиот пристап.За Споредба стабилни монети USDT, USDC и BUSD Секој токен е покриен до вистински долар.Што се однесува за довербата во крипто светот, таа никогаш не била нарушена затоа што само по себе е отворен јавен запис.
Западни аналитичари зборуваат за „чистење“ на пазарот од многу крипто-средства и дека само најдобрите проекти ќе опстанат. Што друго ќе детерминира кој ќе преживее, а кој не?
-Не само западните аналитичари туку сите аналитичари, вклучително и јас верувам дека ќе има прочистување во крипто пазарот и тоа дефинитивно е позитивен аспект, затоа што ќе ги снема токму тие токени што не презентираат никаква употреба иновација или корист, туку се базирани на шпекулација и на рекламирање низ социјални мрежи.
Иновација, случај на употреба одржливост, понуда-побарувачка, број на корисници и потенцијал се главни елементи за мерење квалитет на секое дигитално средство.
Крипто-зимата трае веќе одреден период. Дел е поради качувањето на каматните стапки во САД, недовербата во технологијата, падот на американскиот технолошки индекс NASDAQ (кој во последно време се поврзува со цената на крипто-средствата) итн. До кога, според вас ќе трае оваа ситуација?
-Дигиталните средства/криптовалути се во класа на финансиски средства.Како и другите маркети што имаат пад во вредноста така и криптовалутите, исто така имаме многу крупни инвестори што се на повеќе финансиски пазари вклучувајќи и крипто пазарот.Само тој што не е едуциран може да изгуби доверба во Блокчејн технологија која нуди слобода во секаков аспект.Светот длабоко навлага во светска рецесија властите насекаде во светот се обидуваат да ја намалат големата Инфлација со познати механизми од монетарната и фискалната политика.
Токму поради ова очекувам пад и на пазарот на недвижности затоа што милиони луѓе ширум светот веќе неможат да ги плаќаат хипотеките и кредитите.Каматните стапки насекаде ќе се зголемуваат, вклучително и камата на обврзници, даноците и понатаму ќе се зголемуваат, а сиромашни држави како Македонија и понатаму ќе натрупуваат долг што покасно не ќе може да се врати.Преку 60 земји во светот се соочуваат со се поизвесен банкрот.Поради војната и проблемите со синџирот на набавка, светот ќе се соочи со најголемата светска криза за храна во модерната историја што верувам ќе биде барем во наредните 2 години.Што се однесува до крипто маркетот, големиот раст на долг рок е неминовен.Верувам дека до крајот на оваа година можно е да видиме големо отскокнување во позитивна насока.
Алткоините никако „да мрднат“ во последниве неколку месеци. Дали е тоа поради тоа што дел од нив се поврзани со двете главни валути (BTC и ETH) или треба да бараме други причини поради нивната состојба? Ќе има ли „ново лето“ за нив?
-Како што наведов претходно светот е во рецесија и војна, и сите финансиски пазари се паднати со исклучок на Комодитети кои спаѓаат во енергенси и храна, тие во една ваква ситуација сметам дека ќе одат нагоре и можно е да видиме нови рекордни цени кои дополнително ќе ја успорат стапката на растот на државните економии.
Биткоин е веќе докажан и несомнено ќе постане национална валута и на други држави и многу влади во наредните години ќе чуваат Биткоин како дел од национални резерви.Преку 70% децентрализирани апликации во крипто светот се изградени на Етериум, околу 60% капитал од целиот крипто пазар е токму во овие две мрежи. Така да е сосема природно тие да го диктираат пазарот.Многу е неправедно што постојано се зборува за волатилноста на криптото, но овој маркет е 100 пати помал од пазарот на акции, барем додека не стигнеме маркет капитализација слична на златото (околу11 трилиони УСД) неможе пазарот да биде стабилен.Треба да се разбере дека крипто пазарот е пред светска адоптација, технологијата и бенефитите што ги нудат се неспоредливи, така да сигурен сум дека за 6 години пазарот ќе тежи преку 50 трилиони долари маркет капитализација и околу пола милион долари цена за еден Биткоин, но доминацијата на Биткоин и особено Етериум ќе се намали.
В.З.