Синадинов: Културната интеракција меѓу Македонија и Бугарија е спас од политичките хистерии

од Stefanija Kuzmanovska
448 прегледи

Политичките односи меѓу Македонија и Бугарија деновиве доживеаја хистерична ескалација по најавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД и неговите приврзаници дека на 4 февруари ќе дојдат да го „ослободат“ гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје на 151-годишнината од неговото раѓање и верижната реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нивните приврзаници со најавата за формирање „херојски стражи“ за негова одбрана.

Откако Европската Унија и САД ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови, со мирно и достоинствено чествување на Гоце Делчев како почеток, сведочиме на стишување на зовриената политичка атмосфера. Но, има(ло) ли „живот“ во македонско-бугарските односи надвор од националистичките бастиони? ЦивилМедиа ги запраша македонските уметници и книжевни издавачи за нивните искуства.

Комуникацијата меѓу филмаџиите резултира со десетината копродукции во последниве години

Игор Иванов-Изи, филмски и ТВ режисер и сценарист за неговите искуства во реализирањето на филмските и телевизиските проекти „Хомо“, и „Преспав“ со продуцентите, актер(к)ите и воопшто филмските професионалци од Бугарија вели дека филмот е занает и уметност и правењето филм подразбира здружување околу заедничка идеја и заеднички сон.

– И тука нема простор за ликови што имаат потреба да пишуваат историја и некому да кажуваат кој е и што е. Филмот е нешто друго, една сосема друга културна средина. Во мојот последен филм „Хомо“ јас сум презадоволен од соработката со Јоана Буковска, прекрасна грациозна актерка од висок „маштап“, од продуцентката Галина Тонева, од која добивме и врвен тим каскадери од Бугарија, екипа за снимање на звук и „грип“ тим и опрема. Со сите овие колеги имавме извонредна соработка. Слично беше и на Тв серијата „Преспав“,како и на други филмови, серии и реклами, вели тој.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Слични содржини