Многумина сигурно не можат да ја заборават заводливата Синди Крафорд во рекламата за Pepsi од 1992 година. Поради тоа, обожавателите на американскиот супермодел и актерка Синди Крафорд, ќе ги израдува веста дека таа повторно ја снимила истата реклама за овогодинешниот Super Bowl.

Во оживувањето на Pepsi рекламата стара 26 години, на Синди и се придружил и нејзиниот 18-годишен син.
Рекламата би требало да започне да се прикажува од 4 февруари, за време на големиот натпревар во американски фудбал, а Pepsi веќе ја објави најавната фотографија.
Токму како и во оригиналната реклама од 90-тите години, Синди и овде ќе застане на бензинска пумпа за да купи и да се напие лименка Pepsi.
Меѓутоа, 51-годишната убавица овој пат, веројатно на разочарување на многумина, ќе биде во тексас кошула, наместо во белата маица од старата реклама.
Во новата реклама исто така треба да бидат вклучени и снимките од играњето на Мајкл Џексон за Pepsi рекламата од 1984 година.
Синди истакна дека била многу возбудена, бидејќи на овој нов проект имала прилика да работи заедно со својот син.
„Се возевме заедно тој ден на работа. Кога го вршеше својот дел од работата, бев само горда мајка која набљудува се од страна, обидувајќи се да не го вознемирам“, изјави Крафорд за американските медиуми.
Таа додаде и дека е свесна за славата на нејзината реклама за Pepsi од 1992 година, која станала класик на поп културата.
„Кога луѓето ќе ме видеа на улица, веднаш помислуваа на Pepsi, а во кафулињата ми праќаа пораки на Pepsi лименки“, се потсети Крафорд на некои моменти од нејзината кариера.