СИНДИКАЛЕН МАРШ за 1.мај под мотото „ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!“

од Vladimir Zorba
218 прегледи

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот, 1.мај во услови на здравствената криза, предизвикана од коронавирусот КОВИД-19, со СИНДИКАЛЕН МАРШ, под мотото „ЗДРУЖЕНИ СО ИСТА ЦЕЛ!“

„Празникот на работниците, 1-ви Мај, го одбележуваме загрижени за своето и здравјето на нашите семејства, за голем број од нас во услови на намалени плати, откази на договорите за вработување и грижа за нашата елементарна егзистенција“, велат од ССМ.

Оттаму ги повикаа сите работници, кои ги препознаваат навините вредности и заложби, да се приклучат во семејството на ССМ, семејство на рамноправни членови, работници и граѓани, „кои не сакаат само да критикуваат, туку сакаат дирекно да се вклучат со сиот свој капацитет и потенцијал, во креирањето и градењето на државата“.

Синдикалниот марш, со запазување на сите мерки и препораки за заштита од Ковид -19, ќе започне на 01.05.2021 година во 10.30 часот пред зградата на ССМ.

Слични содржини