Синдикален протест: „Доста е, претеравте”

од Берта Китинска
233 прегледи

КСС под мотото “Доста е, претеравте” излегува на протест.

Од Конфедерацијата велат дека веќе подолг период се обидуваат да воспостават дијалог со претставници на министерствата и државните органи за решавање на проблемите со кои се соочуваат работниците, како и да укажат на почитување на законите и колективните договори кои како што велат, постојано се кршат. Според нив, истиот тек на прекршување на работничките и човековите права продолжил и за време на пандемијата.

Поддршка добиле од Унијата на независни синдикати, Гласен текстилец како и политичките партии Левица и Комунистичка партија. Се надеваат дека ќе им се приклучи и ССМ.

Протестниот марш поради состојбата со пандемијата ќе се одржи со автомобили, ќе почне спроти МРТ до Собранието и ќе заврши пред Владата.

Слични содржини