Синдикалната кошничка за февруари 57.476 денари

од Nikola Popovski
251 прегледи

Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка.

Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Најмногу пари, односно 21.219 денари се потребни за храна, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија и греење.

Нешто околу 2.473 денари (4,3%) од трошоците отпаѓаат за комуникација, 1.797 денари (3,1%) за хигиена, 1.115 денари (1,9%) за здравје и 950 денари (1,7%) за останати стоки и услуги.

-Животот станува се поскап, од ден на ден се зголемуваат цените во маркетите. Платите и пензиите мора да се зголемат, но и да има почести инспекциски надзори во ланците маркети, апелираат од ССМ.

Слични содржини