Синдикатите бараат поголеми плати, започнува сезоната на штрајкови и протести

од Берта Китинска
213 прегледи

Најавени неколку штрајкови во земјава.Први почнуваат вработените во Управата и правосудството кои в четрврток и петок ќе протестираат два часа.

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.

Ќе се протестира во сите оние институции каде Синдикатот на УПОЗ има синдикални организации како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови.

– Ќе има прекин на работата. Известени се и Владата и министерства, сите работодавачи. Ги замолувам граѓаните на трпение, не е многу, два часа се, меѓутоа тие два часа можат да пораснат и да бидат осум часа прекин, рече претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес-конференција.

Вработените во управата и правосудството во четврток и петок ќе ја прекинат работата два часа, од 10 до 12 часот, барајќи исплата на минимална плата и линерано зголемување на платите на сите вработени за 2.806 денари.

СОНК в понеделник ќе стапи во штрајк. Најавено е дека ќе биде прекината наставата и нема да бидат згрижувани децата во градинките.

-Очекуваме добра сума која ќе ни понудат владата преку Министерството за финансии, која што не би можеле да ја одбиеме. Буџетот тука се крои, касата е тука, парите се тука и затоа очекуваме добра сума. Конструктивен предлог кој што ќе го понудиме пред членството, па тие како ќе одлучат, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков пред предговори со министерот за финансии, Фатмир Бесими околу висината на платите во образованието.

Но, на ваквата одлука на синдикатот  реагираат средношколците.

Претседателот на Сојузот на средношколци , Лука Павиќевиќ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со нивниот став за протестот на СОНК, од Сојузот истакна дека „кога тие штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани“ и запрашаа „кој ќе им пишува неоправдани на професорите?“.

– Не би сакале да го коментраме најавениот штајк на СОНК, меѓутоа мора да кажеме дека правото на образование е уставно загарантирано. Државата како знае и умее мора да го обезбеди за сите ученици, без прекин. На пример кога учениците штрајкуваат професорите им пишуваат неоправдани и честопати се осудува бојкотот од страна на учениците, така што прашањето е кој ќе им пишува сега неоправдани на професорите? Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес. Поквалитетен образовен систем е во интерес на сите, истакна Павиќевиќ.

Идната недела ќе штрајкуваат и вработените во пошта. Ќе престанат со работа на 14-ти март. Бараат зголемување на платите за 3000 денари, но за ова нема слух ниту од раководствто на Пошта ниту од Владата. Велат дека платите не им се покачени 30 години, а немаат ниту основни услови за работа.

Според синдикалците, Пошта не може да покачи плати на работниците затоа што на платен список има вработени кои воопшто не доаѓаат на работа. Овој проблем мора да се реши за компанијата да може да работи.

Слични содржини