Поради отсуство од преговарачки процес за линеарно зголемување на платите од 2806 денари во нето износ од страна на Владата, Советот како највисок орган на ССМ одлучи да се одржи првомајски протест наместо првомајски марш, кажа денеска претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Димовски нагласува дека потрошувачката кошничка за март е со ново зголемување и дека граѓаните секојдневно се борат да го поминат месецот, потенцирајќи дека првомајскиот протест може да прерасне во генерален семасовен штрајк.