Синдикатот на ЈСП тврди дека жичарницата на Водно не била безбедна и работела без дозвола

од desk2
19 прегледи

Повеќе од десет дена жичарницата кон Милениумскиот крст е надвор од функција поради сервисен зафат, а синдикатот на ЈСП предупредува дека со години работела без дозвола, доведувајќи ја во прашање безбедноста на патниците и туристите, пишува „Вечер“.

Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП за „Вечер“ откри дека жичарницата работела без работна дозвола и не смеело да превезува патници.

„Жичарницата одамна не требаше да превезува патници. Немаше дозвола, а не знам зошто продолжи да функционира“, предупредува тој.

Тој вели дека состојбата станала критична и дека поправката сега ќе трае подолго бидејќи се работи за скапа и обемна инвестиција.

Слични содржини