Синдикатот на полиција во Македонија поднесе кривична против екс-министерот Спасовски

од Nikola Popovski
165 прегледи

Синдикатот на полицијата во Македонија поднесе кривична пријава против екс-министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и актуелната претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.

-По претходно спроведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на работник во МВР за полесна повреда на кршење на работна дисциплина првопријавениот во својство на министер изготвил решение што во ниту еден случај не смеел да го изготви, а после тоа изготвил и решение со кое на работникот В.Р. и врачил отказ, изјави Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, на денешната прес-конференција пред ОЈО Скопје.

Второ пријавената, пак, како што кажа, во својство на претседателка на Комисијата, решавајќи по приговор изготвила решение со кое приговорот по незаконското решение го одбила како неосновано.

-Бараме ОЈО Скопје да ја земе во предвид оваа и сите наши претходни пријави, сериозно да ги разгледаат и веќе конечно да поведат постапка против наведените лица, односно да дадат обвинителен предлог и да почне да се спроведува правдата во Македонија, рече Коцевски.

Слични содржини