Синдикатот на полицијата во Македонија најави здружување и поддршка на Македонскиот полициски синдикат во борбата за повисоки плати во Министерството за внатрешни работи.
-Во време кога секојдневно слушаме како се повеќе и повеќе институции и синдикати го креваат нивниот глас за повисоки плати и успеваат во таа борба, сметаме дека е време да се крене гласот на работникот во полицијата. За таа цел, претседателе Кицев ја имате нашата подршк, а веруваме и подршката на НСП и оваа наша подадена рака ќе ја земете добронамерно и ќе се отпочне веднаш со барањето за повисоки плати во полицијата. Во моментов нашето барање е 1 ЕВРО – 1 БОД, но доколку имате барање кое е подобро од наведеното за повисоки плати, секако ќе биде подржано од наша страна. За таа цел сметаме дека е време заедно да седнеме на маса и конечно да се обединиме во барањето за повисоки плати. Време е, велат од СПМ.