Синдикатот на УКИМ на предупредувачки протест за повисоки плати

од Берта Китинска
208 прегледи

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги повика вработените, наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ.

Денеска со предупредувачки протест пред Ректоратот ќе излезе Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со цел да го изрази незадоволство зашто не им се зголемени платите и не е потпишан Колективниот договор.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на нивната најава за протест одговори дека пари за повисоки плати се предвидени од септември и апелираше да не се наруши јунската испитна сесија.

– Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите, се вели во соопштението на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет, кој предлогот за мирен протест го усвоил на седница одржана на 27 мај.

Слични содржини