92
Војниците и вработените во ДЗС и ЦУК денеска и поставија ултиматум на владата – исполнување на нивните барања до 13 мај или потоа ќе следат протести и штрајкови.
Според нив најголемиот проблем бил игнорантскиот однос од Министерството за одбрана поради постојаниот ангажман на јужната и северната граница по започнувањето на бегалската криза.
Барањата на синдикалците од одбраната и безбедноста се поголема плата за 20 %, повисока дневница, почитување на законските измени за ангажирање надвор од работното време и исплаќање на дневници на војниците од ноември минатата година.